Со писмена реакција излегоа и од Лекарската комора на Македонија во која се вели:
– Со оглед на зачестеноста на појавите на вербални и физички напади на докторите на нивните работни места, Комората апелира здравствените власти и раководителите на здравствените установи да преземат дополнителни мерки и активности, посебно за дежурните служби и во ноќните часови, со кои на докторите ќе им се обезбеди соодветна заштита и услови за нормална работа, стои меѓу другото во соопштението од Лекарската комора.
Од Комората сметаат дека насилството над докторите не смее да се толерира, а во таа насока минатата година започна кампањата „Стоп за насилството во здравството” која се реализира како заедничка активност на коморите од областа на здравството, Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Република Македонија и Министерството за здравство.
Реакциите од ресорното министерство и од Лекарската комора доаѓаат по нападот врз дежурната докторка што во понеделникот вечерта се случи на интерното одделение во кочанската Општа болница, при што роднина на пациентка која била хоспитализирана, се однесувал насилно и нанел повреди на докторката.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=tyN9n5aUVb4
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.