– Министерството за одбрана поседува 573 мертри квадратни, 271 метар квадратен има Управата за јавни приходи и еден мал дел Центарот за управување со кризи. Зградате е руинирана и во очајна состојба и дава грда слика, како за нашата општина, така и за институциите што се сместени во тој објект и условите се повеќе од минимални и треба да најдеме решение. Добивме дозвола од Министерството да изнајдеме соодветно решение кое најмногу ќе одговара и ќе биде најприфатливо за нас, а Министерството да добие други простории за сместување на вработените во подрачната единица, а објектот да му биде преостапен на Општината, за што ние ќе ги разгледаме сите законски процедури, рече градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.
На средбата во Општината се разговарало и за активностите околу претстојниот референдум што споед министерката Шеќеринска е важен историски момент за државата и за граѓаните.
Интензитетот на посетите на Македонија што во изминатиот период ги прават важни политички личности од НАТО и ЕУ, според Шеќеринска е уште една потврда дека државата е насочена кон вистинскиот правец, поради што ја добива таквата поддршка.
– Овој понеделник во посета ни доаѓа првиот човек на Пентагон, првиот човек на најмоќната армија во светот, Џејмс Матис, што се случува за првпат во последните 14 години. Заборавивме како изгледа посета на министер или секретар за одбрана на САД, иако оваа држава е наш стратешки политички и воен партнер. Тоа покажува колку е голем интересот за нас и поддршката за она што ние го сработивме во последната година, рече Радмила Шеќеринска, министер за одбрана.
Освен посетата на Матис, додаде Шеќеринска, наредната недела во посета на Македонија ќе дојдат уште двајца министри за одбрана од земји членки на ЕУ, за да дадат поддршка референдумот да успее.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.