Промена со раководењето на Доброволното противпожарно друштво – Кочани е направена со назначувањето на Мирче Павлов за нов командир на интервентната единица.
Досегашниот командир Дејан Минов од 1 јули премина во професионалната Територијална противпожарна единица – Кочани, по што членовите на ДПД го избрале Павлов за командир, а за негови заменици се назначени Горан Илиев и Даниел Јорданов.
Волонтерите од ДПД – Кочани изразуваат голема благодарност за целокупниот ангажман во изминатиот период на Дејан Минов и му го честитаат напредокот во работата, посакувајќи му многу успех во новата единица. На новиот командир и на неговите заменици им посакуваат плодна работа и работна атмосфера за реализирање на идните активности.
ДПД – Кочани останува на својата мисија и визија активно да биде вклучено во заштита и превенција од пожари и другите елементарни непогоди, но и во едукацијата на населението, со акцент на младите.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






