Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Мотивациски форум „Делата што нé движат напред“ во Кочани – шест инспиративни приказни за позитивни промени

автор: Т. Ајтовски
26 февруари, 2026 13:57
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Мотивациски форум „Делата што нé движат напред“ во Кочани – шест инспиративни приказни за позитивни промени

Кочани се подготвува за голем настан кој има за цел да ја обедини заедницата преку примери на солидарност и граѓански активизам.

На 28 март, со почеток во 19 часот, во Центарот за култура „Бели мугри“, ќе се одржи Мотивациски форум под мотото „Делата што нé движат напред“.

На Форумот ќе се претстават шест говорници кои со својот личен труд и упорност создаваат видливи промени во општеството. Листата на учесници ги вклучува Александар Видиновски, новинар,  Андреј Рајатоски од Gradinarot.mk, Борче Стаменов од иницијативата „Донирај компјутер“, Гордана Софија од „Генералка викенд“, Кристијан Калинов од „Ретвитни оброк“ и Весна Станковска од здружението „Љубезност“.

Секој од говорниците ќе има излагање од 10 до 15 минути, споделувајќи искуства кои покажуваат дека делата на поединецот можат да поттикнат сериозни општествени поместувања.

Главниот фокус на форумот е истакнување на вистински животни примери и поттикнување на граѓанскиот активизам, особено кај младите. Настанот е замислен како место каде „делата стануваат погласни од зборовите“, промовирајќи култура на солидарност и одговорност. Организаторите нагласуваат дека форумот е неполитички, некомерцијален и отворен за сите граѓани.

Зад настанот стои Академија Кочани, граѓанска иницијатива која произлезе од неколку успешно реализирани волонтерски активности во 2025 година, како што се Паб-Квиз Кочани и бесплатните часови по Таи Чи. Иницијативата е водена од ентузијасти чија примарна цел е општествена добробит преку збогатување на културната и едукативната понуда во градот, при што сите активности се организираат без финансиски надоместоци за организаторите.

Со цел да се поттикне младинското учество, 50% од влезниците се бесплатни за младите од Кочани. Останатиот дел се редовни влезници по цена од 200 денари, а средствата се наменети за обезбедување на одржливост и независност на самиот форум. Влезниците може да се набават во River Café во Градскиот парк, а организаторите потсетуваат дека бројот на места е ограничен.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: мотивација

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Нова димензија на планинарењето и активностите во природа: Официјално промовиран извидничкиот одред „Никола Карев“ – Кочани
Кочани

Нова димензија на планинарењето и активностите во природа: Официјално промовиран извидничкиот одред „Никола Карев“ – Кочани

автор: Администратор
10 март, 2026 16:27
0

Традицијата на планинарење и часови во природа во ООУ „Никола Карев“ – Кочани доби нова форма со официјалната промоција на Извидничкиот одред - „Никола Карев“. Иако одредот функционира...

прочитај повеќе
Прекината наставата во првата смена во училиштата во Кочани поради лажна дојава за поставена бомба
Кочани

Лажна дојава за бомба во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани

автор: Администратор
10 март, 2026 11:38
0

Утрово во основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани била примена дојава за поставена експлозивна направа, што предизвикало вознемиреност и итна евакуација на дел од учениците....

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 10, 2026 - вто
Кочани, MK
5°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, E
67%
771.07 mmHg
wed03/11 thu03/12 fri03/13 sat03/14 sun03/15
неколку облаци
14/4°C
чисто небо
16/7°C
облаци
15/8°C
чисто небо
14/7°C
чисто небо
15/7°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?