Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Мурали со фолклорни мотиви и жетва на ориз на ѕидовите на влезот во Кочани

автор: Т. Ајтовски
6 јули, 2023
во Кочани, Култура
време на читање: 2 мин.
A A
Мурали со фолклорни мотиви и жетва на ориз на ѕидовите на влезот во Кочани

Мурал со фолклорни мотиви на жетварки, ориз и делови од грбот на Кочани е насликан на еден од потпорните ѕидови на улицата „Димитар Влахов“, на влезот во градот. Се работи за ликовно видување на академскиот уметник м-р Дејвид Стоилковски од Куманово со кое тој се претставува пред јавноста на поинаков начин од вообичаените изложби.

Ѕидот што претходно се користеше за лепење политички плакати пред секои избори, а што потоа го нагрдуваше просторот со остатоците на пропагандниот материјал, сега има поинаков и облагороден изглед.

Авторот на муралот истакнува дека негова определба се фолклорните мотиви, иако е потребно време и труд идејата да се пренесе на ѕидната површина.

-Мотив ми беше да се застапат сите битни елементи по кои се препознава Кочани, а на ѕидот се насликани жетварки и ориз што е претставен во поблизок кадар. За да не биде сè реалистично на муралот, пробав да вклопам и делови од грбот како составен дел од композицијата, а тие се пронаоѓаат во некои одредени делови, истакна Стоилковски

Авторот на уметничкото дело најави дека се подготвува сличен мурал да наслика и на потпорниот ѕид на крстосницата од улиците „Димитар Влахов“ и „4 Македонска бригада“, што се наоѓа во близина на веќе изработениот мурал.

-И вториот мурал ќе биде поврзан со фолклорот, оризот и македонските карактеристики, а ќе биде насликан на неколку стотини метри подалеку од сегашниот. Така едниот со другиот ќе соодветствуваат и ќе бидат една целина, додава Стоилковски.

Изработката на муралите на ѕидовите во Кочани е со поддршка од Локалната самоуправа, а претходно Стоилковски работел и на слично уметничко дело на ѕидот од булеварот „Тодосија Паунов“, кај популарните Атомски згради. Освен тоа, негови мурали веќе можат да се видат и во Струмица, Прилеп, Скопје, Куманово, Штип, Виница, Крива Паланка и други  градови во државата.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: кочанимурал

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Над 6 илјади евра ќе чини превозот на членовите на избирачките одбори за локалните избори во општина Кочани
Кочани

Над 6 илјади евра ќе чини превозот на членовите на избирачките одбори за локалните избори во општина Кочани

автор: Т. Ајтовски
17 јули, 2025
0

Организирањето на редовните локални избори за градоначалници и за членови на општинските совети, што треба да се одржат во октомври годинава, ги ангажираше општинските изборни комисии да почнат...

прочитај повеќе
„Привремените вработувања се штетни за децата и опасни за институцијата“ – Советот на Општина Кочани не даде согласност за времено ангажирање лица во градинката „Павлина Велјанова“
Кочани

„Привремените вработувања се штетни за децата и опасни за институцијата“ – Советот на Општина Кочани не даде согласност за времено ангажирање лица во градинката „Павлина Велјанова“

автор: Т. Ајтовски
16 јули, 2025
0

Без поддршка во Советот на Општина Кочани остана предлогот за измена на Програмата за остварување на социјална, детска и здравствена заштита во Општина  Кочани за 2025 година со...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јул 17, 2025 - чет
Кочани, MK
31°C
чисто небо
чисто небо
4 m/s, SW
32%
756.06 mmHg
thu07/17 fri07/18 sat07/19 sun07/20 mon07/21
чисто небо
31/20°C
чисто небо
32/15°C
неколку облаци
34/19°C
чисто небо
37/21°C
чисто небо
40/24°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?