Токму изградбата на набљудувачницата е дел од проектот, чии активности ќе продолжат и во наредниот период.
– Добиен е и нов грант за активности поврзани со промовирање на оваа општина за таков еден тип на еко-туризам, како и подобрување на социо-економската положба во општината, пред се заради прилив на туристи и обезбедување добра туристичка понуда, не масовен, туку еко-туризам, затоа што оваа општина навистина заслужува добра промоција, не само во Македониај, туку и пошироко во Европа, рече Робертина Брајановска од Македонското еколошко друштво.
Од МЕД додадоа дека покрај еколошкиот и промотивниот аспект, проектот опфаќа и едукација и подигање на јавната свест, посебно кај најмладите за заштита и поголема грижа кон птиците.
– Многу сме среќни што лани за првпат пописот на штрковите исто така го правеа училиштата, тие излегоа на терен, со мала обука од нас, тие можеа со научна методологија веќе да ги избројат точно гнездата на штркови, се надеваме дека тоа ќе остане и во наредните години така, бидејќи тие се оние кои се грижат за овие птици. Нашата соработка со наставниците продолжува и понатаму и некои од нив ќе учествуваат на еден наш проект преку кој ќе патуваатво Ирска на дообука, бидејќи ќе бидат дел од една иницјатива на Еразмус плус за размена на наставници, рече Ксенија Путилин од Македонското еколошко друштво.
По повод Денот на штркот во селото Чешиново се одржа и забавно-музичка програма во која учествуваа стотина ученици од основните училишта.
Инаку, општина Чешиново-Облешево пред пет години беше примена во Европската мрежа на село на штркот, со што оваа птица стана нејзино заштитно обележје.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=2gWVol_TxCQ
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.