Во рамки на одбележувањето на јубилејот 100 години фудбал во Кочани, ГФК „Осогово“ доби своја навивачка песна. Со тоа на пригоден начин љубителите на клубот подготвија витинска роденденска честитка, како потсетување дека пред еден век овде за првпат почнала да се тркала фудбалската топка.
Песната „Навивачка“ е веќе снимена и јавно достапна, продуцент е Јордан Манов, а текстот е на Јане Гицев. Во подготовката на целиот проект учествувале и Весна Малинова, Петар Малинов, Александар Вржалски, Јордан Димитријев, Ненад Томев, Боби Мил и Гоце Зашев, а своја поддршка даде и здружението „Никола Мантов“.
Луѓето кое беа вклучени во подготвката и снимањето на „Навивачка“ скромно велат дека тоа е подарок „од народот за клубот“.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.