Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Награди и признанија за најдобрите ученици и првенците на генерацијата во основните и средните училишта во Кочани

автор: Т. Ајтовски
12 јули, 2023 14:22
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Награди и признанија за најдобрите ученици и првенците на генерацијата во основните и средните училишта во Кочани

По повод Петровден – празникот на градот, градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов имаше средба со најдобрите ученици и првенците на генерацијата од основните и средните училишта во општината.

Во знак на благодарност за постигнувањата им честиташе на учениците и нивните ментори за успесите, како и за освоените награди на домашни и меѓународни натпревари. Приота, им врачи признанија, истакнувајќи дека тоа се прави заради нивно мотивирање и стимулирање, да продолжат со одличниот успех во школувањето и во иднина достојно да ја презентираат општината.

-Сакам да искажам подготвеност, дека во име на Општина Кочани, ќе ги препознаваме нивните резултати, ќе ги почитуваме и ќе ги наградуваме. Во исто време, ви посакувам многу успех во натамошното образование. Нека носат убави резултати, повисоки достигнувања, нека носат радости за своите семејства, а да бидат гордост за градот Кочани, истакна градоначалникот Папазов.

Првенците на генерација се Андреа Димитрова од ОУ „Никола Карев“, Ева Костадинова од ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Оризари, Павел Монев од ОУ „Кирил и Методиј“, Анастасија Богданова од ОУ „Раде Кратовче“, Драган Станишков од ОУ „Малина Попиванова“, Никола Илиев од ОМУ „Ристо Јуруков“, Мартин Коцев од СОУ „Гошо Викентиев“ и Мери Манасиева од СОУ „Љупчо Сантов“ и тие за постигнати високи резултати во наставата, вон наставата, успеси на натпревари и за афирмирање на Општина Кочани добија статуетка на Општина Кочани, пофалница и парична награда од 15 илјади денари.

Климент Филипов од ОУ,,Никола Карев“, којшто освои прво место на Државниот натпревар по математика, Владимир Грчев од ОУ,,Св. Кирил и Методиј“, првак на Државниот натпревар по информатика, Јована Давиткова – прво место на Државното првенство во шах и Макарија Иванова – прво место на Државниот натпревар по пијано  се ученици наградени со ваучер од 6 илјади денари, а пофалници од Општина Кочани добија и членовите на училишната кошаркарска екипа на  ОУ „Св. Кирил и Методиј“ и тимот роботичари од СОУ „Гошо Викентиев“, кој освои првото место на Државниот натпревар по роботика. Специјална награда во износ од 6 илјади денари доби Ивона Тодорова, ученичка од СОУ „Љупчо Сантов“, како најдобар оратор на 11. Ораторска вечер на Правниот факултет при УГД – Штип.

Во рамки на празничната средба ученици од ОМУ „Ристо Јуруков“ изведоа кратки музички точки.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: најдобри ученицинаградипрвенци на генерацијата

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Во ритамот на креативноста: Се одржа базарот на рачни изработки „Кочани твори“
Кочани

Во ритамот на креативноста: Се одржа базарот на рачни изработки „Кочани твори“

автор: Т. Ајтовски
1 март, 2026 18:02
0

Во организација на здружението „Синтезис“ од Кочани, пред кафе-барот „Какао либре“, денеска се одржа базарот на рачни изработки под насловот „Кочани твори“. Настанот беше несекојдневен и значаен чекор...

прочитај повеќе
Пораки за правда и одговорност за трагедијата во клубот „Пулс“ упатени на 38. „Марш за ангелите“ во Кочани
Кочани

Пораки за правда и одговорност за трагедијата во клубот „Пулс“ упатени на 38. „Марш за ангелите“ во Кочани

автор: Т. Ајтовски
28 февруари, 2026 16:54
0

Во Кочани денеска се одржа 38. „Марш за ангелите“, посветен на жртвите од трагедијата во клубот „Пулс“. Маршот започна од Паркот на револуцијата, по што учесниците поминаа низ...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 5, 2026 - чет
Кочани, MK
12°C
слаб дожд
слаб дожд
2 m/s, N
72%
767.32 mmHg
thu03/05 fri03/06 sat03/07 sun03/08 mon03/09
слаб дожд
13/8°C
чисто небо
14/6°C
чисто небо
13/7°C
одвоени облаци
13/6°C
слаб дожд
12/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?