Според техничката специфијкација , се бара машината за сечечње на асфалтот да има можност да прави пресек со длабочина од околу 20 сантиметри, додека вибро жабата треба да има оперативна тежина од над 80 килограми. Притоа од добавувачот се бара да обезбеди гарантен период од 1 година, а додека пoстгарантниот период за обезбедени резервни делови и сервис треба да изнесува минумум 7 години.
Освeн тоа, КЈП “Водовод“ ќе издвoи уште околу 300 илјади денари за набавка на нови мотoрни пили и косачки, и уште толкава сума за резервни делови за нив и за оние со кои веќе располага.
Дополнително, со оваа набавка се планира да се купат и две потопни пумпи за фонтани, како и рачна батериска дупчалка и електричен циркулар. Станува збор за обновување на дел од стандардната опрема за извршување на работните задачи на вработените во претпријатието.
Рокот на тенедерската постапка за оваа набавка е до 13 август, а се очекува испораката да биде за 10 дена по изборот на фирмата добавувач и склучувањето договор со неа.
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.