Малата е со должина од 30 километри и елевација од 1.300 метри и големата која што го опфаќа и Царев Врв, единствена тура во Македонија која што е со висина од 2.000 метри и оваа тура исто така е со елевација од 2000 метри висина, рече Панче Зафиров од велосипедското здружение „МТБ Исток“.
Освен велосипедизам и пешачење, планинскиот фестивал имаше и придружни содржини, а присутните уживаа во различни дисциплини, за што Осоговието нуди одлични услови.
– Осогово е погодно и за параглајдинг, и за планинарење, за велосипедизам, скијање, пеинтбол. Еве, вчера во доцните часови имаше и фризби овде, значи планината е погодна за многу спортови. Сето ова што има општината, сите овие услови и можности што ги нуди Осогово треба навистина да ги искористиме, рече Јоже Јованов од велосипедското здружение „МТБ Исток“.
Поддршка за велосипедско-планинскиот фестивал дојде и од Општина Кочани, од каде во ваквите настани гледаат можност за промоција на потенцијалите на Осоговието за активен одмор и рекреација во поголемиот дел од годината.
– Општина Кочани, во рамки на своите можности, веќе има направено проект за Осоговски велосипедски рајски патеки со кој веќе имаме аплицирано за финансиски средства, со цел што е можно побрзо да се оствари оваа наша желба и желбата на поголемиот дел од вас. Манифестацијата исто така е важна затоа што за општина Кочани развојот на туризмот е важна стратешка гранка, во која гледаме добра перспектива, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.
За следната година се планира на планинско-велосипедскиот фестивал „Осоговска авантура“ да бидат поканети учесници и од соседните земји, со што тој ќе прерасне во меѓународен и ќе може да се бара поголема финансиска поддршка од домашни и странски извори.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.