– Еден начин да ги отргнеме од секојдневните други активности, преку кросот, како дел од атлетиката, а атлетиката е кралица на спортовите, да ги поттикнеме децата да спортуваат. Се надевам дека, овој ден ќе учествуваат околу 600 учесници, во сите категории и по пол, почнуваат најмладите, четврто и петто одделение, потоа одат шесто и седмо, осмо и деветто одделение, како и средните училишта од прва и втора, трета и четврта година во машка и женска конкуренција, рече Зоран Андонов, претседател на Сојузот на училишни спортови од Кочани.
Во рамките на училишните спортски активности, на Пролетниот крос му претходеа подготовки со кои наставниците по физичко и здравствено образование ги селектираа учениците со најдобра кондиција за учество на оваа манифестација.
Пролетниот крос се одржа на стадионот „Никола Мантов“, а на најуспешните учесници им беа доделени дипломи и медали.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=RsN7vGjMA8E
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.