Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Намерно исечена гумената брана на Брегалница кај Грдовци

автор: Т. Ајтовски
23 април, 2024
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Намерно исечена гумената брана на Брегалница кај Грдовци

Вработените во водостопанската подружница „Брегалница“ изутрината регистрирале ново намерно оштетување на гумената брана кај селото Грдовци, што се користи за зафаќање на водата од реката Брегалница и наводнување на околните оризови ниви.

Непознат сторител со остар предмет ја исекол гумената обвивка во должина од околу половина метар, по што дошло до истекување на акумулираната вода и празнење на помошниот канал од водозафатот. Во тек се активности за санирање на оштетувањето на гумената преграда, но постапката е отежната поради зголемената количина вода.

Одговорните технички лица за одржување на каналската мрежа на подружницата информираа дека во измнатите неколку дена гумената преграда повеќе пати била оштетена.

– За седум дена имаме шест обиди за сечење на гумата. Оштетувањата мораме да ги санираме, затоа што во спротивно во прашање ќе биде наводнувањето на околу 100 хектари оризови површини. Ова ни се случува секоја година, односно за 32 години, колку што е стара гумената преграда, имаме 40 лепенки, што значи дека некој намерно го прави ова, дали за да му наштети на населението од село Грдовци или на пак нас, не можеме да знаеме. Ние веќе пријавивме во полиција со кривична пријава против непознат сторител, а ќе ангажираме и посебна служба за чување. Материјалната штета не е голема, меѓутоа е многу тешка постапката за да се залепи, треба многу луѓе, треба посебна техника. Доколку не го направиме тоа навистина ќе претрпиме голема штета, и ние како фирма, а и самите земјоделци, истакна Станче Стефанов, техничко лице во водостопанската подружница „Брегалница“.

Подготовките за пуштање на водата во овој дел од атарот на Грдовци биле завршени, но и полнење на оризовите ниви е одложено за неколку дена.

-Водата требаше да ја пуштиме на 19 април, тогаш и ја подигнавме гумената преграда, но видовме дека на две места е пресечена и ја залепивме. Меѓутоа, по два дена ја исекле на уште на три места, додаде Стефанов.

Вработените во подружницата очекуваат до крајот на денот да ја нормализираат состојбата со наводнувањето, за да се избегне прекин на сеидбената сезона во овој регион, но и да не дојде до исушување на нивите кои веќе се посеани со ориз.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: водостопанска подружница „брегалница“наводнување

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Награди на најдобрите ученици и училишни екипи им додели Општина Кочани по повод Петровден
Кочани

Награди на најдобрите ученици и училишни екипи им додели Општина Кочани по повод Петровден

автор: Администратор
11 јули, 2025
0

По повод Петровден, празникот на Кочани, в. д. градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски ги награди првенците на генерацијата и најуспешните екипи и ученици од основните и средните...

прочитај повеќе
Оглас за бесплатна обука за негуватели објави Здружението „Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби“ – Кочани
Кочани

Оглас за бесплатна обука за негуватели објави Здружението „Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби“ – Кочани

автор: Администратор
10 јули, 2025
0

Здружението на граѓани „Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби“ – Кочани, како лиценциран давател на социјалната услуга „Помош и нега во домот“, распишува оглас за...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јул 11, 2025 - пет
Кочани, MK
22°C
чисто небо
чисто небо
4 m/s, NE
46%
760.56 mmHg
fri07/11 sat07/12 sun07/13 mon07/14 tue07/15
-/23°C
одвоени облаци
32/19°C
чисто небо
36/20°C
облаци
37/22°C
одвоени облаци
36/23°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?