– Еден немил настан што се случи синоќа околу 18,15 ч. од страна на едно насилно лице на кое мајка му е хоспитализирана и згрижена и ја има нападнато дежурната докторка со обид за убиство, со давење. Докторката, за среќа беше спасена од едни млади деца кои ја носеа бабата на преглед. Да не влезеа тие деца ќе имаше далекусежни последици по докторката, рече Борка Панова, директор на Општа болница – Кочани.
Во инцидентот лекарката се здобила со телесни повреди, а доживеала и психичка траума, поради што побарала неколкудневно боледување.
Според Панова, ова не е прв ваков случај, но е еден од најсериозните досега, поради што во знак на солидарност со својата колешка, лекарите и медицинскиот персонал од болницата излегоа на мирен протест.
– Ова не се случува првпат, вакво насилие, од страна на членови на семејства и затоа ние мораме да го искажеме револтот од страна на сите вработени кои се грижат за здравјето на луѓето во цела општина и околината. Со овој протест апелираме до населението да бидат стрпливи, затоа што со помалку лекари остануваме и ќе бидат услужени ургентните, а потоа другите пациенти, додаде Панова.
Случајот бил пријавен во полиција, по што е направен увид на местот на настанот. Вработените во Болницата очекуваат против сторителот да се преземат соодветни законски мерки.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=3QXwBFtWJO4&feature=youtu.be
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.