– Во соработка со Министерството за труд и социјална политика очекуваме да биде распишан јавен повик за доделување на 43 социјални станови за најранливите категории. Зградата е завршена, формирана е комисија меѓу двете министерства и очекуваме до крајотѕ на месецо или почетокот на идниот месец да биде распишан овој јавен повик за доделување на тие социјални станови за ранливите категории, рече Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.
За изградбата на ламела 2 на социјалната зграда во Кочани инвестирани се околу 54 милиони денари, а таа располага со станови од 35 и 45 метри квадратни.
Со проектот чија реализација започна кон крајот на 2015 година, покрај Кочани опфатени беа и скопската општина Бутел, како и Ресен, Демир Хисар и Прилеп.
T. Aјтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.