Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

На новото спомен обележје во Свиланово одбележана 113-годишнината од смртта на Никола Карев

автор: Т. Ајтовски
27 април, 2018
во Некатегоризирано
време на читање: 1 мин.
A A

Во присуство на градоначалниците, роднини на Карев, владини и претставници од Сојузот на борците, извидници, ученици, планинари и поголем број граѓани, свечено беше предаден во употреба спомен паркот посветен на големиот македонски револуционер.

– Карев, херојот илинденец, се вгради во сегашноста во која живееме. Уште на почетокот на минатиот век покажал високоразвиена свест за соживот меѓу граѓаните без разлика на верата, етничката припадност, полот и социјалниот статус. Нашата почит кон Карев се одразува во настојувањата постојано да укажуваме на значењето на неговото дело пред новите генерации. Спомениците посветени на Карев во Кочани, од овој 27 април ги збогатуваме со уште едно спомен-обележје, овде во Свиланово, рече градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Проектот за изградба на спомен паркот за Карев со 5,6 милиони денари е финансиран од Програмата за развој на планските региони за 2017 година на Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, а со кофинансирање од општините Кочани и Чешиново-Облешево.

– Сведоци сме дека со реалзиацијата на овој проект се обезбеди достојно обележје на местото на загинувањето на Карев, но и пристојно место за одмор во прекрасниот осоговски планински амбиент. Наша должност е да ја почитуваме и да учиме од историјата, но и наша света обврска е да обезбедиме достоинствен живот за сите граѓани на Република Македонија и да отвораме нови перспективи за нас и нашите поколенија, рече заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлевски.

Од името на граѓаните на Крушево, благодарност за поканата на свеченоста да присуствува и делегација од оваа збратимена општина упати градоначалникот Томе Христоски.

– На овој ден, во 1905 година, борбата за слобода на Македонија изгуби еден голем човек. Но, со таа смрт не престана да вирее духот на херојството и целите за кои Карев се залагаше. Да го одбележуваме овој ден како уште една причина за борба која ја водиме и ден денес, а тоа беше борба за слобода, живот и соживот, рече Томе Христоски, градоначалник на Општина Крушево.

На свеченоста по повод одбележувањето на годишнината од смртта на Никола Карев, присуствуваа и негови роднини, кои се заблагодарија за можноста да го посетат местото каде загинал нивниот дедо, при што упатија забелешка за исфрлањето на неговото име од државната химна.

– Во химната порано се пееше Гоце Делчев, Питу Гули, Карев, Даме, Сандански. Неколку години од химната е исфрлен Никола Карев, нашиот дедо. Сакаме да знаеме по која основа и дали заслужил, барам да ми одговори некој историчар од нашата држава, рече Трајко Карев, внук на Никола Карев.

Спомен обележјето во Свиланово е на површина од 460 м2, комплексот содржи четири амфитеатрални редови, а во центарот се сместени три мермерни плочи со ликот и името на Карев.

T. Ajтовски

 

{fshare}

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

https://www.youtube.com/watch?v=E_RYDywH3YY

{backbutton}

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“
Кочани

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“

автор: Т. Ајтовски
9 декември, 2025
0

Кон реализација на кампањата „16 денови активизам против родово базирано и семејно насилство“ со своја програма се приклучи и ЈОУБ „Искра“ од Кочани. Во тие рамки беше промовирана...

прочитај повеќе
Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани
Кочани

Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани

автор: Администратор
7 декември, 2025
0

Родителите на загинатите деца во трагедијата во „Пулс“ испратија писмено соопштение до јавноста во кое демантираат дека се спротивставиле на новогодишното украсување на градот. „Во последните денови во...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
дек 10, 2025 - сре
Кочани, MK
5°C
одвоени облаци
одвоени облаци
1 m/s, NNE
81%
768.82 mmHg
wed12/10 thu12/11 fri12/12 sat12/13 sun12/14
облаци
12/5°C
неколку облаци
13/8°C
чисто небо
12/7°C
чисто небо
11/6°C
чисто небо
11/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?