Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

На патот кон Пониква се возеше ридско-брзинскиот натпревар во автомобилизам, Дејан Манасиев победи во првата трка од домашниот шампионат

автор: Т. Ајтовски
23 јули, 2023 14:39
во Спорт
време на читање: 3 мин.
A A
На патот кон Пониква се возеше ридско-брзинскиот натпревар во автомобилизам, Дејан Манасиев победи во првата трка од домашниот шампионат

На патеката кон туристичкиот центар Пониква на Осоговските Планини денеска се одржа меѓународната автомобилистичка рели трка што се бодува за шампионатот на Централноевропската зона на Светската автомобилистичка федерација (FIA-CEZ), како и за домашниот шампионат за ридско брзински натпревари.

Организатор на трката беше Автомобилистичката федерација на Македонија со техничка поддршка од авто клубот „Перформанс“ од Скопје и од Здружението на возачите – Кочани.

На натпреварот учествуваа триесетина домашни, како и возачи од Србија, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина, Косово и Полска, кои возеа на патеката долга 5,3 километри, од локацијата над градската депонија до рамнината на регионалниот пат кон Пониква, пред Шумската куќа.

Во бодувањето за FIA-CEZ во групата 1 победи дебитантот на трката на Пониква, Армин Мујкановиќ од Босна и Херцеговина, кој возеше со лиценца на „Сплитски аутоклуб“ од Хрватска. Во групата 2 првопласиран беше Грегорж Дуда од „Дуда моторспорт“ од Полска, кој веќе десетина години е редовен учесник на ридско брзинскиот натпревар на Пониква, а на второто место се пласираше Милан Костадиновиќ од АМК „Војновиќ РТ“ од Србија. Во групата 3 патеката најбрзо ја извози гостинот од Словенија, Анже Довјак од АМД „Горица“, а во групата 4 првото место го освои Ванчо Мизовски од АК „Пероформанс“. Меѓу возачите во групата 5 првопласиран беше Филип Кунчер од АК „Подгорица рејсинг тим“ од Црна Гора, втор домашниот возач Александар Ангеловски од АК „Перформанс“, а третото место го освои Влатко Костовски од АКК „Проспорт“. Во категоријата 2 најбрз беше Гентјан Шакири од Албанија кој возеше автомобил формула 3.

Кај бодувањето за домашниот шампионат се возеа две трки, при што во првото возење во класата Е1 1200 првото место му припадна на Игор Наумовски од АКК „Фичо“, додека второто место го освои неговиот клупски колега и дебитант на трката, Стефан Силјаноски. Во класата Е1 1400 најбрз беше Ѓорѓи Наков од АК „Перформанс“, второ место за Ангелчо Димов од АКК „Фичо“, кој првпат возеше на Пониква и трето место Коста Костадиновски од АК „Стефановски РТ“. Најдобар во класата Е1 1600 беше искусниот Орхан Амет од АК „Перформанс“, зад него со десетина стотинки заостанување се најде Златко Трајановски од АКК „Проспорт“, а трет беше Душко Јанакиевски од АК „Перформанс“. Во класата Е1 2000 имаше силна  конкуренција и мала разлика во резултатите, а првото место му припадна на кочанецот Дејан Манасиев од АКК „Проспорт“, втор беше Александар Ангеловски од АК „Перформанс“, а трет Даниел Блажевски од АКК „Проспорт“. Во категоријата Е1 2000+ првото место го освои Влатко Костовски од АКК „Проспорт“.

На втората трка во класата Е1 1200 беа постигнати истите резултати како и во првата, односно првото и второто место ги освоија возачите на АКК „Фичо“, Игор Наумовски и Стефан Силјаноски. Во класата Е1 1400 повторно најбрз беше Ѓорѓи Наков, а зад него се најде Коста Костадиновски. Првото место во категоријата Е1 1600 го освои Душко Јанакиевскки, второпласиран беше Златко Трајановски, а Орхан Амет имаше проблеми со возилото и се најде на третото место. Во класата Е1 2000 дојде до промена во пласманот, прв беше  Александар Ангелевски, кој имаше и најбрзо време на минувње на патеката, второпласиран беше Даниел Блажевски, а третото место му припадна на Дејан Манасиев. Во категоријата Е1 2000+ првото место повторно го освои Влатко Костовски.

Во клупска конкуренција и во двете возења за домашниот шампионат имашпе идентични резултати, при што првото место го освои АК „Перформанс“, второто АКК Проспорт“, а третото место му припадна на АКК „Фичо“.

Поради проблеми со возилата петмина возачи не обезбедија пласман во домашниот шампионат, а во бодувањето за FIA-CEZ еден возач од Косово излета од патеката, го оштети возилото и не ја заврши трката. Во септември на Пониква ќе се одржи и вториот ридско брзински натпревар во автомобилизам за домашниот шампионат и за FIA-CEZ бодувањето.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: автомобилизамридско-брзински натпревар „пониква“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Каратистот Филип Стојанов патува со македонската репрезентација на Европското првенство на Кипар
Спорт

Каратистот Филип Стојанов патува со македонската репрезентација на Европското првенство на Кипар

автор: Т. Ајтовски
3 февруари, 2026 10:15
0

Кочанскиот каратист Филип Стојанов, член на КК „Партизан“, како дел од Македонската карате репрезентација ќе учествува на Европското карате првенство за кадети, јуниори и каратисти до 21-годишна возраст...

прочитај повеќе
ГФК „Осогово“ ги почна подготовките пред почетокот на пролетната сезона во првенството на Втората фудбалска лига
Спорт

ГФК „Осогово“ ги почна подготовките пред почетокот на пролетната сезона во првенството на Втората фудбалска лига

автор: Т. Ајтовски
17 јануари, 2026 16:16
0

Фудбалерите на ГФК „Осогово“ ги почнаа физичките и тактички подготовки пред почетокот на пролетниот дел во првенството на Втората фудбалска лига. На првата прозивка, што на стадионот „Никола...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
фев 7, 2026 - саб
Кочани, MK
8°C
облачно
облачно
1 m/s, ENE
92%
750.81 mmHg
sat02/07 sun02/08 mon02/09 tue02/10 wed02/11
облачно
13/8°C
слаб дожд
9/7°C
слаб дожд
9/6°C
облачно
6/5°C
облачно
7/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?