Советот на Општина Виница денеска одржа свечена седница по повод празникот и патрон на градот, Павловден. На седницата, на најуспешните ученици им беа доделени ваучери, благодарници и плакети.
Вредносни ваучери добија првенците на генерација во минатата учебна година, Андреј Тодоров од СОУ„Ванчо Прке“, Јана Ефтимова од ОУ„Славчо Стојменски“, Филип Стоименов од ОУ„Гоце Делчев“, Ана Димитровска од ОУ„Кочо Рацин“ од Блатец и Андреа Захариева од ОУ„Никола Парапунов“ од село Драгобраште.
На седницата беа доделни благодарници на најуспешните во општинските институции за изминатата и тековната година. Наградени се Невена Арсова за најдобро медицинско лице, Миле Димитров за најдобар полицаец и Станко Спасов за најдобар пожарникар.
Адријана Поп Арсова доби признание за најдобар спортист и особени заслуги за достигнување во областа на спортот, а благодарница и плакета за особен придонес и афирмација на културниот и музичкиот живот во Општина Виница му беше доделена на Гоце Данилов.
Владимир Павлов од здружението „Чупино треил“ доби благодарница и плакета за развој на спортско-рекреативниот живот во општината.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.