Во апелот на македонскиот Црвен крст, заклучно со 17.04.2025 година собрани се над 2 милиона евра, односно 128.011.651 денари за настраданите од пожарот во Кочани.
Вчера Црвениот крст извршил трансфер на средства за 62 семејства на починатите лица. Досега на настраданите семејства им се исплатени вкупно 86.100.000 денари.

Црвениот крст заедно со своите партнери продолжува со испораката на психосоцијална и друга поддршка на населението.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.