– Дождот ми поплави се. Се е мокро дома и не знам кога ќе се исуши. Се расипа покуќнината и се што имам дома. Живеам сам со моите две деца, жена ми и другото детенце ми починаа. Молам за помош ако некој е во можност или општината да ми помогнат, рече Стојчо Трендафилов, жител на Оризари.
Инаку, Oпштината е запознаена со случајот со полавените куќи и непроодните патишта во Оризари по што и веднаш интеревенирала. Механизација ги порамнуваше улиците кои што се најмногу оштетени и ископани со цел да се овозможи пристап до домовите на жителите.
За целосно решавање на долгогодишниот проблем со поплавите во овие места потребно е асфалтирање на улиците.
Т. Велкова
{fshare}
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.