Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Нема да се формира јавна установа Младински културен центар во Кочани, општинскиот Совет не даде поддршка

автор: Т. Ајтовски
14 ноември, 2023 16:46
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Кочани ќе добие нова јавна установа Младински културен центар, предлогот за основање доставен до Советот на Општината

Во Кочани нема да се формира нова јавна општинска установа Младински културен центар откако предлог-одлуката што ја изготви Општина Кочани не доби поддршка од членовите на општинскиот Совет.

На 37. седница на Советот, иницијативата беше дел од точките на дневниот ред, но со 9 гласа „ЗА“ и три „ВОЗДРЖАНИ“ остана без потребното мнозинство за да можат да почнат практични активности за основање.

Во општите одредби за основање на институцијата беше наведено дека тоа се прави заради остварување на локалниот интерес во културата за граѓаните на општина Кочани од областа на издавачката, музичката, сценско-уметничката, филмската и галериската дејност, како и во дејноста на домовите на културата, дејноста за посредување во културата и во дејноста за управување со објекти.

На почетокот од расправата беа искажани сомневања дека зад намерата да се основа установата има и скриени намери за дополнителни вработувања и оптоварување на општинскиот буџет.

-Ова формирање нова општинска установа значи нов Управен, нов Надзорен, директор, ќе се измисли и по некое вработување, значи плус трошоци што ќе бидат одделени од Буџетот, односно од граѓаните на општина Кочани, истакна Ивана Максимова, член на Советот на Општина Кочани.

-Дали може вработените што се во секторот за култура во Општина Кочани да ја извршуваат работата во Мултикултурниот центар. Имаме таму повеќе вработени, нека се прераспределат на овие работни места, истакна Томе Солевски, член на Советот на Општина Кочани, член на Советот на Општина Кочани.

-Сè што имало во законот сè е ставено како потенцијал, како можност, но јас се прашувам во реалност, откако ќе си го основате, ако сте решиле, ќе видиме како ќе го основате, кого ќе задиректорите, кого ќе ухлебите тука, кои конкретни услуги на крајот ќе ги добијат младите во таа јавна општинска установа што ќе ја наречете Младински културен центар. Со целата желба да им се даде поддршка на младите, јас тука не гледам во оваа форма на бирократизација каква било поддршка за младите, само гледам одлив на дополнителни средства, што наместо да стигнат до младите, ќе стигнат до не знам кого, до некого што ќе треба да се ухлеби, истакна Жаклина Филипова Свеќароска, член на Советот на Општина Кочани.

Градоначалникот Љупчо Папазов даде образложение за иницијативата за формирање на јавна установа Младински културурен центар, оправдувајќи ја со потребата да се стави во функција објектот на Мултикултурниот центар.

-За да ги отстраниме сите ваши сомнежи за неконтролирано вработување предлагам органите на управување да ги преземат тие што се сомневаат. Ќе делегираме вработени во Локалната самоуправа кои земаат плата за извршување слични дејности, да се именува работоводен орган кој ќе почне со активности за усогласување на реалната состојба, имаме објект за кој барате да има озвучување, греење, активностите да бидат координирани, просториите да бидат опремени и на младите да им овозможиме тука да работат. Сакаме со оформување на ваква институција да му дадеме на овој објект едно повисоко ниво, истакна градоначалникот Папазов.

И по ваквото образложение од градоначалникот , членовите на Советот не дадоа мнозинска поддршка за иницијативата, со што јавната установа Младински културен центар не доби согласност за основање.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: младински културен центар -кочаниопштина кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Кочани во тишина и солзи – една година од трагедијата во „Пулс“ во сеќавање на 63 недовршени соништа
Кочани

Кочани во тишина и солзи – една година од трагедијата во „Пулс“ во сеќавање на 63 недовршени соништа

автор: Т. Ајтовски
16 март, 2026 12:46
0

Денеска Кочани не зборува со зборови, туку со воздишки. Градот на оризот денес е обвиен во тешка тишина, одбележувајќи ја првата годишнина од кобниот пожар во дискотеката „Пулс“,...

прочитај повеќе
На граѓански собир по полноќ пред дискотеката „Пулс“ Кочани им оддаде почит на своите ангели
Кочани

На граѓански собир по полноќ пред дискотеката „Пулс“ Кочани им оддаде почит на своите ангели

автор: Т. Ајтовски
16 март, 2026 03:12
0

Во атмосфера исполнета со тишина и болка, во 02:32 часот по полноќ, пред поранешната дискотека „Пулс“ во Кочани се одржа граѓански собир во спомен на настраданите во трагедијата...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 17, 2026 - вто
Кочани, MK
6°C
облачно
облачно
1 m/s, ESE
85%
762.82 mmHg
tue03/17 wed03/18 thu03/19 fri03/20 sat03/21
облачно
12/6°C
слаб дожд
9/7°C
облачно
10/6°C
слаб дожд
6/5°C
облачно
10/2°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?