Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Нема превоз за ученици од СОУ „Гошо Викентиев“ на неколку релации поради повисоки суми на јавната набавка, тендерската постапка се повторува

автор: Т. Ајтовски
13 септември, 2023
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Нема превоз за ученици од СОУ „Гошо Викентиев“ на неколку релации поради повисоки суми на јавната набавка, тендерската постапка се повторува

Превозот на ученици во СОУ „Гошо Викентиев“ не се реализира целосно затоа што за дел од релациите не е обезбеден превозник. Иако јавниот повик за избор на давател на услугата бил спроведен навреме, поради неповолните цени што биле понудени, постапката не е целосно комплетирана, па се повторува.

Обезбедувањето посебен линиски превоз за учениците е законска обврска за основните и средните училишта, но на почетокот на оваа учебна година во „Гошо Викентиев“ сè уште не се во функција релациите Теранци – Спанчево – Бање – Кочани, Долни Подлог – Мојанци – Горни Подлог – Кочани, Оризари – Кочани, како и  градскиот превоз на осум стојалишта. Покрај СОУ „Гошо Викентиев, корисници на услугата се и СОУ „Љупчо Сантов“, како и основните училишта „Св. Кирил и Методиј“ и „Никола Карев“.

На 34. седница на Советот на Општина Кочани беше поставено советничко прашање зошто не е обезбеден бесплатниот ученички превоз, со оглед што тоа влијае врз редовноста и присутноста на настава кај учениците.

-Веќе две недели тече наставната година, зошто учениците од „Гошо Викентиев“ немаат организиран превоз? Значи, практично не се држи настава во училиштето, учениците ја бојкотираат наставата. Празно е училиштето, само наставници внатре има, истакна Жаклина Филипова Свеќароска, член на Советот на Општина Кочани.  

Од раководството на техничкото средно училиште потврдија дека ученичкиот превоз не се реализира целосно, но дека причината за тоа е објективна, иако не влијаела врз реализацијата на наставниот процес.

-Настава има, проблем е со тие неколку линии за превозот, тоа е тендерска процедура, поништена е поради повисоките суми што се ставени од операторите. Сега има распишано нова постапка, а од тие 14 мислам дека се, за 9 се потпишани договори и редовно се возат. Другите делови се поништени затоа што ние имаме дадено колкави суми во вредност како буџет имаме, а тие имаат дадено многу повеќе и законски не можеме да склучиме договор, поништуваме и нов оглас распишуваме, истакна Спирко Златков, в.д. директор на СОУ „Гошо Викентиев“.

Вкупната сума што е предвидена да се плати за четирите линии е проценета на нешто повеќе од 5 милиони денари, при што најголем дел отпаѓа на релацијата во градот, односно од постојките Валог, Бејрут, Роза Петрова, Белски Пат, Бавчалук, Плоштад, Автобуска станица до училиштaтa и обратно.

Во моментот тече рокот за повторениот јавен повик за избор на превозник, а понудите треба да се поднесат најдоцна до 3 октомври. Тоа значи дека ако целата постапка помине без проблеми и се обезбеди давател на услугата кој ќе понуди прифатливи цени, превозот на учениците на четирите линии би можел да профункционира во втората половина на идниот месец.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: соу „гошо викентиев“ученички превоз

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: „Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење“
Кочани

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: „Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење“

автор: Т. Ајтовски
24 мај, 2025
0

Во молк, без транспаренти и со фотографии од починатите деца, родителите и семејствата на настраданите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска во Кочани го оддржаа седмиот „Марш за...

прочитај повеќе
24-годишник од Кочани заработи притвор за убиство во обид
Кочани

Семејствата на жртвите во клубот „Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

автор: Администратор
24 мај, 2025
0

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите. Преку исказите дадени...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мај 24, 2025 - саб
Кочани, MK
15°C
облачно
облачно
2 m/s, WSW
92%
759.06 mmHg
sat05/24 sun05/25 mon05/26 tue05/27 wed05/28
-/15°C
слаб дожд
15/6°C
слаб дожд
18/8°C
облачно
20/12°C
неколку облаци
21/11°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?