– Во постапката за ликвидација при обезбедувањето на документацијата ние бевме уверени, и така е, ова претпријатие не учествуваше во платниот промет, немаше активности, меѓутоа кога поднесовме барање да добиеме уверение од Управата за јавни приходи за обврски, дека нема никакви обврски, се испостави дека по основ на радиодифузна такса имаме одреден долг, бидејќи е регистрирано, и покрај тоа што не учествуваше во платниот промет, рече Венцо Бојков од Секторот за јавни дејности на Општина Кочани.
Во меѓувреме неплатената сметкла за радиодифузна таклса е платена и сега е при крај постапката за ликвидација, за што на седницата на Советот на Општина Кочани, што ќе се одржи в понеделник, треба да биде донесена и соодветна одлука.
За нормално работење на меѓуопштинското претпријатие “Пониква КП“ се предлагаше финансисрањето да биде заедничко, од буџетите на двете соседни општини. Тоа требаше да придонесува за развојот на туризмот и управувањето со ски-центарот на Пониква, во чија изградба делумно инвестираше и државното електропреносно претпријатие МЕПСО.
Сепак, набргу се покажа дека тоа тешко ќе профункционира, а неодамна од Локалната самоуправа на Пробиштип излегоа со писмено известување дека тие не се во состојба не само да го финансиираат новоформираното претпријатие, туку дека не можат да се грижат ниту за топовите за вештачки снег и за другата опрема што им припадна со поделбата на донацијата од МЕПСО.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.