Токму во овој период од годината вообичаена практика на земјоделците од регионот е да ги палат стрништата и сувата слама во нивите со што се загрозува општата безбедност, се загадува животната средина, а често се прави и материјална штета на туѓ имот. Тоа е причината и за пожарот кај Мојанци во кој изгореа ниви од кои се уште не е собран родот. Пожарникарите ги потсетуваат несовесните граѓани на законската забрана за палење оган на отворен простор, за што се предвидени и високи парични казни.
Слична интервенција пред неколку дена екипи на ТППЕ – Кочани имале и во атарот на селото Теранци каде, по проширувањето на огнот од нивите, изгорел помошен земјоделски објект.
Само во текот на месец септември кочанските пожарникари имале 35 гаснења пожари на земјоделски површини. Со оглед што жетвата на оризот е во ек, тие во просек веќе имаат по две излегувања на терен дневно, поради што најверојатно во октомври ќе биде регистриран двојно поголем број интервенции.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.