Старите азбестни цевки ќе бидат заменети на улиците: “Славчо Стојменски“, “Браќа Миладинови“, “Раде Кончар“, дел од Булеварот “Маршал Тито“, делови од улиците “Страшо Пинџур“, “Стив Наумов“, “Илинденска“, “Димитар Осоговски“, “Димитар Влахов“, “Јане Сандански“ и “4. Македонска бригада“.
– Предвидениот рок за изведба е 9 месеци, меѓутоа во договор со фирмата мислиме дека ќе завршиме за 5 месеци. Овие улици ќе бидат комплетно реконструирани меѓутоа ќе имаме и други активности а тоа е промена на канализационата мрежа и во населените места каде што нема канализациона мрежа ќе ги регулираме овие работи, додаде Димитров.
Во Виница вкупната водоводна мрежа е со должина од 42,5 км, а повеќе од 60% е веќе завршена. Со оваа фаза е предвидено да бидат исфрлени од употреба 3.960 метри азбестни цевки. Проектот е финансиран од Европската инвестициона банка, Министерството за транспорт и врски и Општина Виница.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=_y0D4DcQZ0g
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.