Убедлива победа од 3:0 и нови три бода обезбедија фудбалерите на КМФ „Фудбал старс Аутовелт“ против КМФ „Кратово“.
Во рамки на 5. коло во Втората футсал лига, што попладнево се одигра во спортската сала на ОУ „Никола Карев“ во Кочани, домашниот клуб беше подобар, играше цврсто во одбраната и прецизно во нападот, што беше доволно да се совлада еден од конкурентите за врвот на табелата.
Кочанските фудбалери во водство дојдоа во средината на првото полувреме, кога Христијан Крстов во 13 минута ја затресе противничката мрежа, по што до истекот на дваесетте минути немаше нова промена на резултатот.

Во вториот дел водството на „Фудбал старс Аутовелт“ го зголеми Драган Трајчов, кога по една брза комбинација, во 26 минута шутираше во голот на гостите. Конечниот резултат во 37 минута го постави стрелецот на првиот погодок, Крстов, со што им ја донесе победата и радоста на своите соиграчи.
Во текот на натпреварот доммашните имаа уште неколку посериозни шанси за гол, а гостите двапати шутираа прецизно кон голот на домаќините , но сигурниот Ефтимов успеа да ги одбрани ударите.

Со новата победа „Фудбал старс Аутовелт“ има вкупно 9 бода и му ја одзеде четвртата позиција на клубот од Кратово.
Во следното, 6. коло, нашите фудбалери ќе гостуваат во скопско Студеничани на натпревар против КМФ „Каршиака 1996“ кој е во средината на табелата.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






