Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Новиот клон на градинката во Кочани технички е комплетиран, се чека решение за употреба од Министерството за социјална политика, демографија и млади

автор: Т. Ајтовски
8 јануари, 2025
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Новиот клон на градинката во Кочани технички е комплетиран, се чека решение за употреба од Министерството за социјална политика, демографија и млади

Отстранети се техничките недостатоци што беа констатирани по завршувањето на изградбата на новиот клон „Детелинки“ на детската градинка „Павлина Велјанова“ во населбата Драчевик, со што објектот е подготвен да биде предаден во употреба.

Според заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, се чека на решение што треба да го издаде надлежната комисија, по што ќе се спроведе постапка за вработување на потребниот кадар.

-Како што имам информација на последната седница на Совет на Општина Кочани е помината одлуката да се испрати барање до Министерството за социјална политика, демографија и млади за издавање на решение за употреба од страна на Комисијата. Еве сме веќе во завршен дел по однос на пуштањето во употреба на еден, мора кажам, прекрасен објект во Кочани. Во делот на вработувањата, веќе се добиени позитивни согласности од страна на Министерството за финансии, вкупно за 21 стручен работник и друг технички персонал од градинката, кои што ќе бидат доволно за отпочнување на згрижување на децата токму во тој објект. Сега треба само да се издаде решението за употреба на детската градинка за потоа да може да започне процесот на вработување на стручниот кадар. Знаете дека имаме отворен проблем со Законот за заштита на децата, меѓутоа и тој проблем ќе се надмине, па мислам дека за една недела од сега Собранието ќе ја направи потребната корекција на неколку членот Законот којшто биле технички условно неисправни напишани од страна од некои од лицата во Министерството, така што и тој проблем ќе биде надминат и ќе започне процес на лиценцирање како што ветивме, истакна заменик-министерот Велковски.

Заменик-министерот нагласи дека Министерството ќе го заврши својот дел за издавање решение за употреба на новиот клон на градинката, а во делот на вработувањата ќе зависи од тоа колку кандидати во моментов имаат активни лиценци за да можат да аплицираат на огласите што ќе ги објави детската градинка.

Новата градинка во населбата Драчевик почна да се гради пред околу 5 години во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги што го реализираше тогашното Министерството за труд и социјална политика, а со финансиска поддршка од Светска банка. За изградбата на објектот Општината доби грант од околу еден милион евра, а имаше и сопствено учество во подготвителните работи.

Капацитетот на градинката е проектиран за 110 деца, со шест занимални, на две нивоа со вкупна површина од 995 квадратни метри.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: јоудг „павлина велјанова“клон „детелинки“министерство за социјална политика демографија и млади

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“
Кочани

Со промоција на книга и ликовна изложба библиотеката „Искра“ од Кочани дава поддршка на кампањата „16 денови активизам против семејното насилство“

автор: Т. Ајтовски
9 декември, 2025
0

Кон реализација на кампањата „16 денови активизам против родово базирано и семејно насилство“ со своја програма се приклучи и ЈОУБ „Искра“ од Кочани. Во тие рамки беше промовирана...

прочитај повеќе
Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани
Кочани

Родителите на загинатите во „Пулс“ демантираат дека побарале да се откаже украсувањето и новогодишната прослава во Кочани

автор: Администратор
7 декември, 2025
0

Родителите на загинатите деца во трагедијата во „Пулс“ испратија писмено соопштение до јавноста во кое демантираат дека се спротивставиле на новогодишното украсување на градот. „Во последните денови во...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
дек 10, 2025 - сре
Кочани, MK
5°C
облачно
облачно
1 m/s, NNE
75%
767.32 mmHg
wed12/10 thu12/11 fri12/12 sat12/13 sun12/14
облачно
9/9°C
неколку облаци
13/8°C
чисто небо
12/7°C
чисто небо
11/6°C
чисто небо
11/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?