Со тоа ќе се избегне обврската да се плаќа за ученици кои воопшто не присуствувале на настава или пак користеле друг транспорт за доаѓање и заминување од училиштето.
– Мислам дека ние во изминатиот период плаќавме за ученици кои се запишани на список, а не кои го користеле превозот. Затоа мојата идеја или иницијатива е да се изнајде решение како ние ќе го плаќаме навистина реално направениот трошок, односно за секој ученик што го користи овој превоз да биде платен, а оној што не го користи да не се плаќа. Средствата што ќе бидат заштедени со овој потег мислам дека нема да бидат симболични и мали, туку ќе бидат прилично големи, средства што ќе помогнат да ги решаваме проблемите што навистина се големи во училиштата. Овде пред се мислам на училишниот прибор и решавањето на санитарниот дел во секое училиште кој е во очајна состојба заради што добиваме критики и забелешки од надлежните инспекциски органи, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.
Најдобра потврда дека новиот начин на пресметка на трошоците за превоз е поповлен е што само во средното училиште “Гошо Викентиев“ за услугата ќе се платат над 3,5 милиони денари помалку во споредба со лани.
Досегашниот начин на договарање на бесплатниот превоз на учениците создаде огромни обврски кон превозникот што достигнаа над 43 милиони денари, поради што Општината беше принудена да бара долгот да се исплаќа постепено за да не се блокира нејзиното работење.
T. Aјтовски
{fshare}
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.