Хејле истакна дека политикатa на “Антура“ се темели на континуирано вклучување на компанијата како активен чинител на општествените случувања во градот. Поради тоа се одлучиле да дадат поддшка во реновирање на детскиот парк, бидејќи најмалите членови на општеството се иднината на секоја земја.
Градоначалникот на Општина Кочани ја искористи приликата јавно да се заблагодари на компанијата за реализацијата на проектите што се во интерес на граѓаните. Воедно упати апел и до останатите компании од општината да дадат свој придонес во различни проекти со кои ќе се подобри квалитетот на животот на граѓаните.
Старите реквизити што до неодамна се користеа во детскиот парк, се реновирани и поставени во паркот кај зградите на поранешен “Атом“.
И. Матеничарски
{fshare}
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.