Во пресрет на претстојните празници дечињата и вработените од клонот на детската градинка кај Градскиот пазар во Кочани денеска организираат новогодишен базар. Ги повикуваат сите граѓани да ги посетат и да купат од нивните рачни изработки.
-Вработените во клонот „Цветови“ на детската градинка „Павлина Велјанова“ направивме поголем број рачни изработки што денеска, четврток, се изложени на новогодишниот базар. Парите што ќе ги собереме ќе бидат наменети за набавка на одредени средства што се потребни за нашата градинка. Им благодариме на сите вработени, но и на нашите дечиња и нивните родители кои дадоа придонес овој базар да биде успешен, истакна Елизабета Трифунова, вработена во градинката.
Рачните изработки на дечињата се изложени на штанд пред влезот на клонот на градинката кај пазарот во Кочани, а се продаваат по симболични цени.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.