Општата болница со проширена дејност од Кочани набави ново амбулантно возило, што ќе биде на располагање на Итната медицинска помош.
Средствата за набавката се од сопствената сметка на институцијата, а станува збор за возило марка „пежо боксер“ што е опремено со современа медицинска опрема.
Директорката Душанка Горгиева Трпевски истакна дека целта на набавката е да се обнови постојниот возен парк и да се пружат подобри услови на пацинтите во Кочани и околните општини.
-Oва е посебен ден за Општата болница со проширена дејност – Кочани. Обезбедивме ново амбулантно возило, по една деценија, за потребите на нашите пациенти во општинта но и регионот. Ја подобруваме состојбата на институцијата и транспортот на пациентите. Среќна и горда сум, што како в.д. директорка, успеав од лични средства на институцијата да обезбедиме амбулантно возило. Продолжуваме и понатаму, сакаме да го следиме овој тренд и да останеме мотивирани и да го обновиме постојниот возен парк, како и да обезбедиме опрема, што ќе биде во служба на нашите граѓани, истакна в.д. директорката, Душанка Горгиева Трпевски.
Во изминатиот период во Болницата беа обезбедени уште два апарати, едниот е за компјутерска томографија, а другиот е 12-канален електрокардиограф. Исто така, поставени се и нови клима уреди, а за следната година се најавува реновирање на болницата, опремување на простории со нова медицинска опрема, како и проширување на кадровскиот тим со нови лекари.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.