Започнаа градежните активности на дел од улицата „Тодосија Паунов“ пред Полициската станица во Кочани. Се реконструира левиот крак на улицата во ширина од 3,5 метри и должина од 200 метри.
Во склоп на работните активности се вклучува и замена на пет канализациски шахти и два сливника.
Изведувач на работите е фирмата „Стоименов“ од Кочани.
На потегот од кружниот тек кај Полициската станица до кружниот тек кај автобуската станица сообраќајот ќе се одвива на левата страна од булеварот во двата правца.
Општина Кочани апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат пропишаните сообраќајни правила и прописи.
Општина Кочани

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.