Владко Грозданов, кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е нов градоначалник на Општина Кочани откако во вториот круг на локалните избори оствари разлика од над 1.400 гласови пред противкандидатот Венко Крстевски, поддржан од група избирачи.
Според податоците од Државната изборна комисија, за Грозданов гласале 7.368 граѓани, додека за Крстевски се определиле 5.914 граѓани со право на глас.

Регистрирани се 697 неважечки гласачки ливчиња, што е за 115 помалку во однос на првиот круг кога неправилно гласаа 812 граѓани.
Излезноста во вториот круг на изборите во општина Кочани изнесува 43,01 отсто, односно за 1,7 проценти е повисока во споредба со гласањето во првиот круг од пред две недели.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






