Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Нов тренинг центар за PLC програмирање во СОУ „Гошо Викентиев“ отвори „Амфенол Технолоџи Македонија“

автор: Т. Ајтовски
19 декември, 2023
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Нов тренинг центар за PLC програмирање во СОУ „Гошо Викентиев“ отвори „Амфенол Технолоџи Македонија“

Средното стручно училиште „Гошо Викентиев“ го отвори новиот тренинг центар за PLC програмирање, како заедничка иницијатива со компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“, а со поддршка од УСАИД во рамки на активностите „Партнерства за економски раст“ и „Млади кои активно создаваат можности“.

Тренинг центарот e опремен со најсовремените програмабилни логички контролери (PLC) од програмата на SIEMENS, најразлични видови сензори и целосна релејна и пневматска опрема. Покрај новата опрема, воспоставена е и електрична и пневматска инсталација и маси кои создаваат реален работен простор.

-Оваа инвестиција ќе им овозможи на нашоте ученици да се стекнат со знаења и вештини од областа на PLC програмирањето, а по завршувањето на образованието и можност за вработување во приватниот сектор. Од друга страна, приватниот сектор ќе добие веќе обучена висококвалификувана работна сила која е дефицитарна, со што ќе се влијае за зголемување на продуктивноста во самите компании, но и место каде нивните вработени ќе можат да се доусовршат и стекнат нови знаења за PLC програмирање, истакна Владо Симеонов, в.д. директор на СОУ „Гошо Викентиев“.

Соработката меѓу „Амфенол Технолоџи Македонија“ и средното училиште беше воспоставена пред четири години со отворањето на тренинг центар за кремпирање и лемење, а продолжува со нови проекти во кои се опфатени учениците.

-Новиот тренинг центар е продолжување на долгогодишната соработка помеѓу нашата компанија, средното стручно училиште и УСАИД, а тој е опремен со најсовремени PLC уреди. За нас како компанија овој проект е важен затоа што во производството се користат програмабилни логички контролери кои служат за автоматизација на машините. Дополнително, во рамки на оваа иницијатива професори од училиштето и вработени од компанијата учествуваа на обука за користење на оваа опрема во Тузла, Босна и Херцеговина и станаа сертифицирани Siemens PLC програмери, истакна Сашко Наков, директор на компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“.

Претставниците од канцеларијата на УСАИД ја поздравија соработката помеѓу приватниот сектор и образовните институции, а на учениците кои ќе ја користат  опремата им порачаа дека тие се клучот за идниот развој на земјата и по завршувањето на образованието ќе имаат и повеќе можности за вработување.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: амфенол технолоџи македонијасоу „гошо викентиев“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: „Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење“
Кочани

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: „Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење“

автор: Т. Ајтовски
24 мај, 2025
0

Во молк, без транспаренти и со фотографии од починатите деца, родителите и семејствата на настраданите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска во Кочани го оддржаа седмиот „Марш за...

прочитај повеќе
24-годишник од Кочани заработи притвор за убиство во обид
Кочани

Семејствата на жртвите во клубот „Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

автор: Администратор
24 мај, 2025
0

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите. Преку исказите дадени...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мај 25, 2025 - нед
Кочани, MK
12°C
слаб дожд
слаб дожд
1 m/s, NNW
90%
758.31 mmHg
sun05/25 mon05/26 tue05/27 wed05/28 thu05/29
слаб дожд
13/7°C
слаб дожд
18/8°C
облачно
20/12°C
неколку облаци
21/11°C
облачно
21/12°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?