Обучените лиценцирани тренери велат дека радува фактот што во последно време е зголемена заинтересираноста на младите за начините за зачувување на своето здравје преку конзумирање здрава храна, зголемена физичка активност и здрав начин на живот воопшто.
-Во последно време е зголемен интересот за употреба не само на фитнесот, туку и за другите спортови. Луѓето се интересираат и прашуваат околу здрава исхрана и физичка активност, па токму затоа овој комплет од здрава исхрана и вежбање ќе им биде добредојден,. Тука се суплементите, ние сме главни увозници на Gold Touch Nutrition, тука е теретаната, кардио делот, групните тренинзи, персонални тренинзи и се што е потребно, рече Зоран Василов, тренер инструктор во „Fit Gym “
На свеченото отворање беа презентирани канго џампс вежбите од страна на светскиот канго џампс тренер со лиценца од светската федерација Лепа Јовиќ , а имаше и гостин тренер од Струмица Павлинка Тренчовска како и Наталија Василова, републички инструктор по канго џампс, аеробик степ и фитнес. На отворањето можеа бесплатно да пробаат сите кои сакаат да научат канго џампс и да ги почувствуваат бенефитите од вежбањето.
Инаку, со отворениот фитнес центар работи републичкиот инструктор по канго џампс, аеробик степ и фитнес Наталија Василова од Кочани која што ги држи групните тренинзи и Зоран Василов кој што е задолжен за тежинскиот дел и вежби со справите и тегови како и околу делот во начинот на исхрана и суплементите. И двајцата се сертифицирани тренери со ИСА сертификат а има и други вработени во центарот асистенти кои помагаат околу обука на вежбите и користење на фитнес справите. Новоотворениот фитнес центар е лоциран позади дисконтот „Осоговка“ во Кочани.
Т. Велкова
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=5Xj6fSPCN9U
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.