Јавното обвинителство информира дека во почетокот на мај ќе почне испитувањето на оштетените лица во истрагата за трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“.
Од Обвинителството велат дека поради големиот број оштетени и засегнати лица, ќе следи дополнително известување со детали за распоредот и динамиката на испитувањата.
-Во тек е прибирање на сите потребни податоци и контакти од оштетените и семејствата на настраданите, како и информации за нивните полномошници. Во зависност од здравствената состојба на повредените и другите околности, Обвинителството ќе ги извести сите засегнати навремено за нивното учество во постапката, се наведува во соопштението.
Обвинителскиот тим кој работи на предметот, како што велат од Обвинителството, интензивно презема итни и неодложни дејствија, кои во моментот вклучуваат сослушувања и координација на вештачења неопходни за обезбедување докази за кривичната постапка.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.