– На последната седница на Советот ние пренаменивме уште три милиони денари што ни се потребни, побрзавме претходно, бидејќи имавме информација дека веќе ги добивме овие 2 милиони. Како што знаете, таму каде што планираме да се работи во зимскиот период изведбата не е можна и затоа побрзавме порано да донесеме одлука и да пренамениме 3 милиони сопствени буџетски средства и таа делница да биде изградена што е можно побрзо, односно ние планираме до крајот на месецот да ја објавиме јавната набавка и да одиме со изведба на тој дел од патот, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.
Според проектната документација делницата од месноста Крушка кон Полаки е со должина од 800 метри и широчина на коловозот од 3 метри. Трасата е пробиена, но ќе биде неопходно нејзино соодветно проширување и тампонирање, по што ќе следува и асфалтирање. Со тоа на населението што гравитира кон овој крај ќе му се обезбеди полесен и побрз пристап.
Т. Ајтовски
{fshare}
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.