– Ние како Локална самоуправа ќе продолжиме и понатаму да се грижиме за овие 20 детски игралишта што се изградени, а исто така заедно со урбанистите и планерите при изработката на деталните урбанистички планови, планираме изградба на нови вакви игралишта, како и повеќенаменски игралишта. Тоа е со цел секоја урбана заедница да добие по едно повеќенаменско и детско игралиште. Поради тоа, апел до граѓаните, кога ќе се работат тие планови за урбаните заедници, да реагираат и да предвидиме се што и е потребно на таа урбана заедница, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.
Илијев рече дека освен санирањето на детските, ќе се работи и на другите терени, пред се оние за спортски активности.
– Понатаму остануваат повеќенаменските игралишта, на кои исто така работиме. Тоа е она што е во рамки на нашите можности, заедно со јавното претпријатие ги правиме поправките. Таму каде што има покрупни зафати се подготвува целокупна документација и ќе направиме јавен повик, се со цел и тие да бидат ставени во функција и во периодот што е пред нас да се користат. И овде работиме на стратегија да изградиме што е можно повеќе мултинаменски игралишта кои ќе бидат користени од граѓаните на Кочани, додаде Илијев.
Од Општината очекуваат поголема совесност при користењето на детските и мултинаменските спортски игралишта, за да се избегне оштетувањето на реквизитите и да се намалат опасностите за безбедноста на лицата кои ги користат, посебно на најмладите.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=81-6QoVoQCg
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.