Букети свежо цвеќе на спомен обележјата во Кочани по повод 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ положија делегации од Локалната самоуправа и од Советот на Општината, како и членови на раководството на Здружението на борците од Кочани. Своја делегација на положувањето цвеќе имаа и општинските организации на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
Притоа претставниците од делагациите им оддадоа почит на сите борци од кочанскиот регион кои се вклучиле антифашистичкото востание на македонскиот народ и кои притоа за слободата ги дале и своите животи.
Кон одбележувањето на празникот се придружија и членовите на Здружението „Јосип Броз Тито“ од Кочани, при што неговиот претседател Трајан Трендов потсети за значењето на овој датум за македонскиот народ.
Претставниците на делагациите кои положија на Споменикот на слободата, како и на бистите на првоборците Љупчо Сантов и Раде Кратовче и на револуционерот Никола Карев во Паркот на Револуцијата, истакнаа дека 11 Октомври е еден од најсветлите датуми во македонската историја.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.