Во просториите на Библиотеката „Искра“ во Кочани беше отворен и продажен штанд со богата литература за деца на издавачката куќа „Едука мак“.
Во Мултикултурниот центар во Кочани се одржа Фестивал на децата, книгите и музиката на кој низ литературни, музички и драмски активности беше пренесена меѓународната порака на Светскиот ден на литературата за деца. Присуtните ги поздрави градоначалникот Николчо Илијев.
– Програмата за Светскиот ден на литературата за деца, проширена оваа година, ја поддржува Општина Кочани, и со тоа можам да го изразам моето огромно задоволство што институциите на локално ниво ја препознаа оваа работа и даваат поддршка во развојот на литературата, односно ги поддржуваат младите во секој поглед. Наша цел и задача е да продолжиме понатаму, во секој сегмент да ги поддржуваме и вклучуваме младите преку нашите програми, содржини, се со цел да дадеме шанса да бидат дел од нашето креативно и модерно живеење, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.
Одбележувањето на овој меѓународен ден, кој како роденден на Ханс Кристијан Андерсен во светот се слави од 1967 година, е со цел да се поттикне љубовта кон литературата за деца.
Проектот е дел од Годишната програма на Министерството за култура на Република Македонија за 2018 година, а е поддржан и со средства од Буџетот на Општина Кочани.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=9BXMjVxAwdk
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.