ЖФК “Кочани“ во моментот со 10 бода се наоѓа на 9 место, а натпреварот со “Истатов“ ќе се игра в сабота на теренот на домаќинот во Нов Дојран со почеток од 14 часот.
Второлигашот “Осогово“ исто така го очекуваше тежок и важен меч против штипска “Брегалница“, и во поглед на подобрување на бодовното салдо, но и за престиж против стариот ривал. Сепак, натпреварот е одложен за што до клубот стигнал официјален допис од ФФМ во кој било наведено дека поради лошите временски услови се одложува комплетното коло во Втората лига. Тоа значи дека сите натпревари, вклучувајќи го и мечот помеѓу ГФК “Осогово“ и ФК “Брегалница“ од Штип ќе се одиграат идната сабота 31. март со почеток од 15 часот.
Од клубот велат дека се изненадени од таквата одлука сооглед на теренот на стадионот во Кочани е одлично подготвен. Дополнително од управата велат дека гледачите кои веќе купиле билети, ќе можат да ги искористат следната сабота.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=c6nczrqIkbE
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.