Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Од понеделник ќе почне полнењето на нивите во Кочанско со зафаќање на проточните води

автор: Т. Ајтовски
2 април, 2024 14:36
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Од понеделник ќе почне полнењето на нивите во Кочанско со зафаќање на проточните води

На почетокот на идната недела ќе бидат зафатени проточните води од реките во кочанскиот регион, по што ќе започне полнењето на нивите пред почетокот на овогодишната сеидба на оризот.

Од водостопанската подружница „Брегалница“ во Кочани истакнуваат дека состојбата со акумулациите од хидросистемот е исклучително поволна, дотокот на вода од речните притоки е стабилен што ќе овозможи навремен старт на сезоната за наводнување во целиот источен регион.

-Во моментот во браната Калиманци се акумулирани 103 милиони кубни метри вода, а просечниот доток од реката Брегалница е четири кубни метри во секунда, со што се обезбедени близу 90 отсто од максималниот капацитет на акумулацијата. Со оглед што на дел од околните планински врвови сè уште има снег, очекуваме дополнителен прилив на вода, а превентивно се испушта извесна количина за да се овозможи прифаќање на зголемен доток. Во план е водата за наводнување во оризовите ниви да се пушти в понеделник, односно по верскиот празник Благовец, што е повеќегодишна традиција во кочанскиот регион, истакна Благојчо Богатинов, раководител на водостопанската подружница „Брегалница“.

Во првите две недели за полнење на оризовите ниви ќе се користат проточните води од реките, а кон крајот на април во каналите ќе биде пуштена водата од акумулацијата Калиманци.

Работници и механизција на водстопанското претпријатие и понатаму се ангажирани на расчистување и обновување на каналската мрежа, а досега се исчистени околу 200 километри канали и вади во атарите на четирите општини во кочанскиот оризопроизводен регион.

Планот за наводнување е комплетиран и со ориз ќе бидат засеани над 3.700 хектари. Новина е што по неколкугодишен застој повторно ќе бидат опфатени и околу 200 хектари оризови ниви во катастарската општина Оризари.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: водостопанска подружница „брегалница“оризопроизводство

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Нови правила за субвенционирање – оризопроизводителите со помалку од 7 декари остануваат без државна помош
Кочани

Нови правила за субвенционирање – оризопроизводителите со помалку од 7 декари остануваат без државна помош

автор: Т. Ајтовски
16 февруари, 2026 16:05
0

Земјоделците кои одгледуваат ориз се соочуваат со построги критериуми за добивање финансиска поддршка од државата, а клучната промена што предизвикува загриженост кај малите земјоделски стопанства е зголемувањето на...

прочитај повеќе
Граѓаните едногласни против нови станбени згради на локацијата на Панаѓурот
Кочани

Граѓаните едногласни против нови станбени згради на локацијата на Панаѓурот

автор: Т. Ајтовски
13 февруари, 2026 12:42
0

Општина Кочани денеска ја одржа најавената јавна презентација по Деталниот урбанистички план за градска четврт 13 (Текешински Лозја и околината) од ГУП за град Кочани за планскиот период...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
фев 17, 2026 - вто
Кочани, MK
5°C
силен дожд
силен дожд
2 m/s, NW
98%
745.56 mmHg
tue02/17 wed02/18 thu02/19 fri02/20 sat02/21
-/4°C
слаб дожд
6/1°C
одвоени облаци
10/1°C
облачно
8/4°C
облачно
9/2°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?