Годинава по подолг период успеавме за пожарникарите да набавиме професионални униформи и облека според европските стандарди. Ние ќе продолжиме и понатаму, како шптое во сегменти како шпто е инвестирањето во моторни возила за да може да одговори на предизвицитe, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.
Во првиот квартал од оваа година кочанските пожарникари имале близу 90 интервенции од различен карактер, што е мал пораст во споредба со истиот период лани. Најголем дел од излегувањата на терен биле за гасење пожари на отворен простор, како и десетина интервенции за извлекување повредени во сообраќајни несреќи. На свечленоста беше даден и краток извештај за работењето во минатата година.
– Имавме околу 285 интервенции од кои 31 припаѓаат на општина Чешиново-Облешево, 14 на општина Зрновци. Нашата единица располага со 6 возила од кои 3 навални, една цистерна и 2 теренски возила. Единицата има 17 вработени кои се во добра физичка и стручна кондиција. Воведовме и новина – теориска обука и практичен дел, штом се состои од дневна и ноќна обука и се надеваме да покажеме подобри резултати во понатамошната работа, рече Благојчо Паунов, командир на ТППЕ – Кочани.
Паунов потврди дека неипгхондо е инвестриање во возиллата и опремата за да се подобри готовноста и ефикасниоста на единицата, со оглед што во просек постојните возила се постариу од две децении
Во рмаки на свеченоста по повод Денот на пожарникарството, за присутните беше приредена и мала изложба на противпожарна опрема, а за најуспешен пожарникар за изминатиот едногодишен период беше прогласен Милко Минов, кој доби награда од градоначалникот.
Т. Ајтовски
{fshare}
https://www.youtube.com/watch?v=9TpNHNSw1R0
{backbutton}
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.