ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Кочани дава целосна и безрезервна поддршка на градоначалникот Љупчо Папазов и директорот Спирко Златков во политичката хајка која се води против нив од страна на инсталациите на Оливер Спасовски.
Освен медиумска прашина не видовме никаква правна основа за наводните обвиненија.
Затоа прашуваме и го повикуваме министерот Оливер Спасовски, дали внуката вработена во СОУ „Гошо Викентиев“ заедно со сменетиот началник Александар Максимов и неговата сопруга, а актуелна советничка, Ивана Максимова го штитат нејзиниот криминал и со ова се обидуваат да создадат уште еден дефокус на вистината?!
Пред извесно време полициска единица, координирана од тогашниот началник, незаконски направи упад во просториите на училиштето.
Дали неговата внука незаконски и без знаење на директорот издала документи од архивата?
Зошто овој настан до ден – денес не е евидентиран во официјалниот полициски билтен?
Овој настан остана мистерија и не се знае каде се и во кои раце завршија овие документи.
Од тој момент започнува политичката хајка против директорот, а еве сега и против градоначалникот.
После неколку дена е поднесена пријава против директорот со цел горенаведениот началник да си ја заштити неговата внука.Исто така, во месец април Основното јавно обвинителство ја отфрла пријавата затоа што пријавеното дело не е кривично дело за кое се гони по службена должност.
Директорот на средното училиште во месец февруари открива финансиски малверзации од страна на внуката на тогашниот началник Александар Максимов, која е вработена во истото училиште и истото го пријавува во СВР Штип.
Дури после пет месеци почнува да се отплеткува клопчето наречено фамилијарен криминален триаголник. За жал овој случај сеуште не е завршен, а ние го повикуваме министерот Оливер Спасовски случајот да биде решен и затворен.
Ова е вистината за наменските пријави и секојдневните релативизации на власта кои со добро разработената шема на СДС ја замајуваат јавноста за да го заштитат нивниот криминал.
ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Кочани
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.