Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ – Кочани ги повикува заинтересираните родители на ученици во основно образование да ги запишат своите деца за учебната 2025/2026 година.
Учениците можат да се запишат во деветгодишно основно музичко образование за инструментите пијано и виолина. Оваа можност е за оние ученици кои во претстојната учебна година ќе бидат прво одделение во основното училиште.
Во шестгодишното основно музичко образование наставата ќе се изведува за инструментите гитара, флејта, хармоника и традициски, односно народни инструменти – кавал, тапан и тамбура. Овде можат да се запишат учениците кои ќе бидат четврто и петто одделение во основното училиште.

Уписниот рок ќе почне на 12 мај и ќе трае до 10 јуни, а пријавувањето е секој работен ден од 10 до 15 часот, во просториите на ОМУ „Ристо Јуруков“, во Спомен домот АСНОМ.
Потребен документ за упис што треба да го достават родителите е фотокопија од изводот на родените за нивното дете.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.