Почитувани, „новото” ДПМНЕ продолжува со старата пракса на поставување на кадри со класична партизација и клиентелистичко однесување.
Иако граѓаните очекуваа да се побрза со отворање на новата градинка направена во време на СДСМ, единствено што се брзаше е дека деновиве за вд директор на ЈГДУ ,,Павлина Велјанова” е назначено лице по седми пат како вршител на должност.
Како политичка партија, по претходниот ваш, по сите параметри, неуспешен мандат, укажувавме дека ова персонално решение е резултат на чист партиски притисок и ситни политички калкулации, а најмалку резултат на стручност и компетентност.
Со право граѓаните очекуваат стручни, кредибилни и компетентни раководители на чело на институции, битни за нормално функционирање на заедницата.
За жал, изборот на „надпартискиот” градоначалник со строго партиски насоки е истата личност по седми пат.
Личност која со предходното практикување на позицијата вд директор на ЈГДУ ,,Павлина Велјанова”, остави безброј сомнежи за своето работење, како што е работен ангажман на лице без соодветна лиценца, недомаќинско трошење на финансиски средства за сомнителни активности и сл.
Детските градинки мора да обезбедат квалитетна, безбедна и професионална грижа за најмладите.
Сите партиски експерименти во институции од ваков тип, ќе донесат само штета и нефункционалност на истите.
Твојот човек, на било кое место за сопствена иднина, а штетата ќе ја плаќаат граѓаните.
ОО СДСМ – Кочани
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






