Општата болница со проширена дејност од Кочани доби опрема и помагала наменети за третманот и рехабилитацијата на повредените во трагичниот пожар, а тие се донација од хуманитарната организација LëtzCare a.s.b.l. од Луксембург.
Основач и претседател на организацијата во која членуваат иселеници од Македонија е Сафет Алили, кој потекнува од Реканскиот крај во Општина Маврово и Ростуше, а работи и живее во Луксембург.

За потребите на болницата во Кочани донирани се концентратори за кислород, ролери, инвалидски колички, електрична инвалидска количка, столови за бањање, ролер со седиште и сталак.

Хуманитарната организација LëtzCare досега обезбеди голем број донации за потребите на здравствените установи во Македонија, а годинава господинот Алили доби Признание за придонес на припадниците на дијаспората за 2025 година, што му го додели претседателката Гордана Силјановска Давкова.
Од Општата болница во Кочани упатија јавна благодарност за помошта.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






