Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Општата болница во Кочани доби нов кабинет за преглед на дојка – го донираше „Амфенол Технолоџи Македонија“

автор: Т. Ајтовски
22 октомври, 2024 10:56
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Општата болница во Кочани доби нов кабинет за преглед на дојка – го донираше „Амфенол Технолоџи Македонија“

Општата болница со проширена дејност од Кочани денеска доби нова дијагностичка опрема и реконструиран кабинет за преглед на дојка, што ќе работи во рамки на Одделението за радиологија и ќе го користат пациентите од источниот регион.

Комплетната финансиска и материјална поддршка за опремување и ставање во функција на кабинетот ја обезбеди компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“, како донација во одбележувањето на 11-годишнината од постоењето.

-Токму во октомври, којшто се одбележува како розов месец за подигање на свеста за превенција од рак на дојка, почнуваме со нова опрема за дијагностицирање на заболувањата, а имаме и обучен радиолог кој ќе ја прави оваа интервенција. Во наредниот период матичните лекари ќе бидат информирани да ги упатуваат пациентите преку „Мој термин“. Веќе две години во Болницата имаме кабинет за дојка, а сега ќе функционира поинтензивно поради тоа што мамографите во Каменица и во Делчево не работат и сите пациенти се пренасочени кон нас. Интервениравме да се зголеми и бројот на термините за мамографија, така што сите кои имаат потреба ќе бидат прегледани, истакна Кристина Серафимов, в.д. директорка на Општата болница – Кочани.

Од компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ упатија благодарност за досегашната одлична соработка со јавната здравствена установа и најавија продолжување на поддршката.

-Општата болница е наш долгорочен партнер и во заеднички консултации со лекарскиот тим констатиравме дека приоритет е ваков современо опремен кабинет, за што веднаш излеговме пресрет. Ова е еден заеднички проект што ќе биде од корист и за нашите вработени, но и за граѓаните од целиот регион. Во Болницата секогаш биле коректни кон нас и во рамки на можностите ќе продолжиме со обезбедување донации, истакна Сашко Наков, директор на „Амфенол Технолоџи Македонија“.

Во рамки на одбележувањето на 11. роденден, кочанската компанија донираше дидактички материјали за градинките во општините Зрновци и Чешиново-Облешево, како и опрема за комуникација во Доброволното противпожарно друштво – Кочани, а обезбедува и современи автобуски постојки за општините Виница и Македонска Каменица.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: амфенол технолоџи македонијадонацииопшта болница со проширена дејност - кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Заврши проектот за психолошка помош што го поддржа Амбасадата на Германија по трагедијата во Кочани
Кочани

Заврши проектот за психолошка помош што го поддржа Амбасадата на Германија по трагедијата во Кочани

автор: Т. Ајтовски
15 јануари, 2026 13:43
0

Со пригодна свеченост што ја организираше Доброволното противпожарно друштво – Кочани беше означено завршувањето на проектот за психолошка помош за образовната заедница по трагичниот пожар во клубот „Пулс“,...

прочитај повеќе
Јавна поддршка доби иницијативата на Здружението „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје на трибината што ја организираше Општина Кочани
Кочани

Јавна поддршка доби иницијативата на Здружението „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје на трибината што ја организираше Општина Кочани

автор: Т. Ајтовски
12 јануари, 2026 22:37
0

Јавна трибина организираше Општина Кочани по иницијативата на Здружението „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за изградба на спомен-обележје на жртвите од трагичниот пожар во клубот...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 17, 2026 - саб
Кочани, MK
4°C
облачно
облачно
0 m/s, SE
92%
771.07 mmHg
sat01/17 sun01/18 mon01/19 tue01/20 wed01/21
-/4°C
неколку облаци
6/0°C
чисто небо
4/-1°C
чисто небо
4/-1°C
облачно
6/1°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?