ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани набави нов ехоапарат од марката Mindray Consona N8. Се работи за современ уред со револуционерна ZONE технологија што го прави приказот совршен до најситен детал.
Ехоапаратот поседува три сонди, од кои една конвексна и две линеарни. Наменет е за секаков тип на прегледи од уролошки, гинеколошки и кардиолошки вид, па дури и за преглед на мали делови на телото. Од Болницата посебно наведуваат дека може да се користи и за преглед на дојки.

Дел од техничките предности на новиот ехоапарат се автоматско мерење на дебелината на внатрешноста на ѕидот на артериите, панорамски приказ во реално време, автоматско мерење на волуменот на мочниот меур, совршен приказ при лоцирање на замастен црн дроб, иновативна 3D визуелизација и многу други.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.