Вкупната вредност на проектот за изградба на овој пристапен пат е близу 26 милиони денари. Според документацијата за апликација, Општина Кочани се обврзува да го плати износот на данокот на додадена вредност и да учествува во финансирање на активностите за изведбените работи од овој проект.
Изградбата на патот до локалитетот Добра Вода е едно од приоритетните барања на жителите од тој крај, посебно заради големите празнични собири кои се организираат на неколку наврати во годината. Од друга страна, подобрената патна инфраструктура ќе создаде подобри услови за туристички развој на овој дел од Осоговијата.
{fshare}
{backbutton}
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.