Првото новороденче во 2025 година во општина Виница е машко, а малиот Семин е нов член на семејството Салиови.
Традиционално, градоначалникот на Виница, Миле Петков го посети семејството на првото бебе и му врачи пригодни подароци.
– На првиот жител во 2025 година, малиот Семин, му испраќаме желби за среќно и безгрижно детство, да донесе многу радост и гордост на семејството Салиови, но и на општината. Виница се радува на секое новороденче, бидејќи добива нов жител, но првороденото во годината, е симбол на среќата и надежта. Ја користам оваа прилика да им ја честитам радоста на родителите и да им посакам многу љубов и дечињата да им го развеселуваат домот, истакна градоначалникот Петков.
Семин Салиов се роди во 10:45 часот на 1 јануари на Акушерското одделение во Општата болница – Кочани и е трето дете во семејството Салиови.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.